Коректор М 2.0


KorektorM

Коректор М

Програма за автоматска коректура и разделување на слогови за македонски јазик

Повеќе информации

За Коректор М

Коректор М е програма за автоматска коректура и разделување на слогови за македонски јазик која е присутна на македонскиот пазар уште од 1999 година. Во својата прва верзија, како додаток на процесорите за текст Microsoft Word, Коректор М досега е инсталирана на над 1000 персонални компјутери. Во изминатите десетина години таа беше континуирано развивана, надградувана и прилагодувана на новите верзии на оперативниот систем Windows и Microsoft Word процесорите за текст (од v.97 до v.2013).

Корисници

Денес оваа програма се користи во:

  • Академијата на науките и уметностите - МАНУ
  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  • Народната и Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“
  • Дирекцијата за заштита на индустриска сопственост
  • Заводот за статистика
  • Министерството за надворешни работи
  • Министерството за финансии
  • Управата за јавни приходи
  • Службен весник
  • Дневник
  • Утрински весник
  • Вест
  • Нова Македонија
  • Република

и други институции и фирми.

Коректор М 2.0

Со појавата на новите верзии на оперативниот систем Windows (7 и 8) и особено новата верзија на процесорите за текст Microsoft Word 2010 и најновата Microsoft Word 2013, беше неопходно програмата комплетно да се преработи, со што настана Коректор М 2.0. Коректор М 2.0 е програма која се вградува во процесорот на текстови Microsoft Word како додаток (plugin).

Можности

Програмата овозможува коректура на текстови напишани на македонски јазик со кирилско писмо и пренесување на дел од последниот збор од крајот на редот во наредниот ред (хифенација) со поделба на зборовите на слогови според правилата на македонскиот правопис. Секој збор во текстот се споредува со база на македонски зборови. Базата на зборови, во својата основна верзија содржи над 420.000 зборови и е организирана во структура оптимизирана за брзо и ефикасно пребарување. Програмата ги открива грешките при внесување на текст и нуди замена за погрешно внесениот збор со избор од листа на слични постоечки зборови. Програмата дополнително вклучува и алатка за директна конверзија на обележан дел од текстот внесен во YUSCII кодниот распоред (т.н. македонски фонтови како MAC C Times), во UNICODE односно Windows CP 1251 кодниот распоред (т.н. македонска поддршка).

Зошто Коректор М?

Потреба од автоматска коректура на зборови и делење на зборовите на слогови за македонски јазик се јавува кај огромен број институции и фирми кои секојдневно работат со големи количини на текст, но исто така и кај голем број индивидуални корисници.


>